Хабиб на соочувањето со Фергусон му го шутна појасот, а тој му врати со – бакнеж! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УФЦ настанот 248 ќе се одржи во недела во Лас Вегас, а веќе беше одржана и првата голема конференција за мечот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон.

Двајцата борци се сретнаа по првпат по петтиот обид да договорат борба. Соочувањето беше жестоко, Фергусон од Хабиб го побара неговиот појас, по што борецот од Дагестан реагираше луто и му го шутна појасот на Тони.

Фергусон тоа го прифати смирено и му испрати бакнеж на неговиот следен ривал, па сигурно ќе гледаме голема борба меѓу двајцата борци.

Нурмагомедов и Фергусон на 18 април ќе се соочат во Бруклин.