Халанд збесна по поразот од Србија: Нема да пцујам, ама…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Норвешка синоќа загуби со 1-2 во Осло од Србија, а најголемиот талент Ерлинг Халанд беше разочаран затоа што не можеше да им помогне на сонародниците.

Србија славеше со 2-1 на продолженија, а двоен стрелец кај нашите соседи беше Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

„Нема да пцујам, но многу е незгодно. Имавме одлична шанса да дојдеме до Европско првенство, но едноставно не бевме добри. Се надевам дека во иднина ќе успееме да се квалификуваме“, кажа Халанд по мечот.