Хамилтон ја искористи грешката на Ред Бул и славеше во Шпанија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше на трката за Големата награда на Шпанија, која е четврта трка сезонава во Формула 1.

Седумкратниот светски шампион на патеката го оствари третиот триумф сезонава, а воедно и 98 во кариерата, откако заврши пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул. На третата позиција беше Валтери Ботас од Мерцедес.

Хамилтон победи по петти пат во Шпанија и тоа по одличната трка во која ја искористија грешката на Ред Бул, кој не го повика Ферстапен во пит-бокс на 20 круга пред крајот на трката.

Актуелниот шампион поради тоа изби на првото место и го одржа водството до крајот на трката, а со тоа ја зголеми и предноста во генералниот пласман на возачи.