Хамилтон ќе ја пропушти втората трка во Бахреин!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон има ковид-19 и ќе мора да ја пропушти втората трка во Бахреин, која се вози викендов.

Шампионот во Формула 1 минатата недела се тестираше трипати, а потоа во понеделникот се разбуди со симптоми на вирусот.

„Хамилтон е изолиран и добро се чувствува. Има благи симптоми и цела екипа е со него и ми посакуваме побрзо да оздрави“, соопштија од Мерцедес.

Хамилтон, кој пред два дена славеше на трката во Бахреин, е трет возач кој се зарази со ковид-19. Претходно со вирусот си имаше проблеми Серхио Перез, а претходно и Ленс Строл.