Хамилтон победи во Имола, Рикардо е јунак, а Верстапен – губитник на денот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Хамилтон ја запиша 93. победа во кариерата, откако Британецот славеше на патеката во Имола.

Хамилтон заврши пред Валтери Ботас и Даниел Рикардо, а најголем губитник слободно може да кажеме дека е Макс Ферстапен, кој во 43. круг го премина вториот возач на Мерцедес.

На Ферстапен неколку кругови подоцна му пукна гумата поради што ја заврши трката предвреме. Тоа го искористи Рикардо, кој го освои третото место, а Данил Квајт беше четврти.

Бодови ќе добијат и Шарл Леклер, Серхио Перез, Карлос Саинц, Ландо Норис, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.

Хамилтон сега има 282 бодови, односно речиси 100 бодови повеќе од неговиот колега Ботас, а до крајот останаа четири трки.