Хамилтон стигна уште еден рекорд на Шумахер (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Хамилтон со победата на Големата награда на Унгарија стигна до вториот триумф по ред во сезоната и го презема лидерското место во генералниот пласман.

Одличниот Хамилтон стигна до 86. победа во кариерата со која му се приближи на легендарниот Михаел Шумахер, кој има 91 триумф.

Сепак, Британецот вчера успеа да израмни рекорд на Германецот, а тоа е по број на победи на една патека.

Хамилтон вчера стигна до својата осма победа во Унгарија, а исто толку триумфи имаше Шумахер на патека во Франција.