Хамилтон возеше со повреда, победи и го надмина Шумахер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Хамилтон на трката за Големата награда на Португалија ја запиша 92. Победа во кариерата и така зад себе го остави легендарниот Михаел Шумахер по бројот на триумфи во Формула 1.

Британецот доминираше во Португалија, а освен победата, доби и дополнителен поен за најбрз круг, а во саботата стигна и до 97. пол-позиција во кариерата.

„Немав кристална топка кога решив да дојдам во Мерцедес. Секој ден се обидуваме да постигнеме што е можно повеќе, сите одиме во иста насока. Имав грчеви во десниот лист. Беше болно да се крене стапалото“, вели Хамилтон.

За Хамилтон ова беше осма победа сезонава, па сега има 77 бодови предност пред колегата од Мерцедес, Валтери Ботас.