Хит: Марјановиќ и Дончиќ се фатија за оро, па им се приклучија и останатите 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Далас и Бостон (110-107) имаше музичка увертира во која главни актери беа Бобан Марјановиќ и Лука Дончиќ.

Тие двајца се фатија за оро, а набрзо им се приклучија и останатите соиграчи. Ова коло беше добар вовед во натпреварот во кој Марјановиќ и Дончиќ беа најзаслужни за победата на тимот од Тексас.

Дончиќ го предводеше Далас до триумф со дабл-дабл со 31 постигнат поен и 10 скокови, а Марјановиќ постигна 10 поени и осум скокови.