Хорор сцени на хокеј натпревар во Канада: Со лизгалката му ја пресече ногата, веднаш се направи локва со крв (Видео)

Навистина немил настан по кој дојде до повреда на голманот Такер Тинан беше причината за прекинување на хокеј натпреварот помеѓу Лондон Најтс и Нијагара Ајс Догс одигран во Онтарио, Кадана.

Само 43 секунди во вториот период, двајца противнички играчи, Гантер СКинер и Иван Лодина тргнаа во борба за пакот, но двајцата паднаа, а Скинер со својата лизгалка успеа да го закачи противничкиот голман во потколеницата.

Тинан веднаш падна на мразот и за секунда околу него се собра локва крв која дефинитивно ги извади од памет сите присутни во салата. Веднаш интервенираа лекарските тимови на двата тима, Тинан беше пренесен во болница и му беше извршена операција.

Според првичните информации, голманот одлично се опоравува и нема да има последици од оваа хорор повреда.