Хрватите изненадени: Вујовиќ го напушти Загреб!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометната легенда и поранешениот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ нема повеќе да го предводи тимот на ППД Загреб.

Во текот на денешниот ден Хрватите беа непријатно изненадени со објавата на Загреб дека Вујовиќ го напушта клубот по осум месеци.

Хрватските медиуми шпекулираат дека главна причина поради заминувањето на Вујовиќ е финансиската криза.

Загреб планирал да ги намали платите во текот на следната сезона, а тоа не му се допаднало на Вујовиќ, кој решил да го напушти хрватскиот клуб.