Хрватски стопер: Тие се кретени!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Репрезентацијата на Хрватска вчера загуби два бода, но може да загуби доста повеќе во некој нареден период.

Хрватска вечра водеше со 2:0, имаше и игра, нп не успеа да ја победи Чешка.

Дел за тоа се обвинуваат и навивачите кои стигнаа со дел да направат нереди и да и наштетат на репрезентацијата на Хрватска.

Тие 50-тина фрлаа бакли во теренот, а една го погоди редарот.

После натпреварот играчите на Хрватска беа бесни.

„Ме налутиа тие 50-тина кретени кои заслужија затвор, а не доаѓање на трибините на натпревар. За среќа, осигуравме осмина финале, но се што направивме на теренот за малку ќе изгубевме.  Многу сум лут“, рече Гордон Шилденфелд.

Свое видување даде и Домагој Вида.

„Инцидент? Повеќе сум лут на себе, поради тоа што потрошив време и концетрација на неважни играчи. Ова е последен пат да одам пред трибините и да смирувам такви ликови. Благодарам на навивачите на големата поддршка.  Жал ми е зи за нив, бидејќи потфрливме 15 минути и загубивме веќе добиени бодови“.