Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на чешката репрезентацијата, Петар Чех, призна дека неговата репрезентација во натпреварот против Хрватска во игра ја вратиле хрватските навивачи.
Да потсетиме, Чешка и Хрватска во вчерашниот натпревар одиграа 2:2, а до израмнување фудбалерите на
Чешка дојдоа после прекинот кој го предизвикаа навивачите на Хрватска.
Чех призна дека тоа и помогнало на неговата репрезентација.
“Морам да признаам паузата поради нередите на хрватските хулигани нас ни помогна. Тие го контролираа натпреварот, а после паузата го изгубија ритамот и ние го искористивме тоа за да се вратие во натпреварот”- изјави Чех.
Чешка во последното коло од групната фаза ќе игра против Турција, додека Хрватска ја очекува натпревар против Шпанија.