Играч на Реал посочи дека би сакал да игра во друга лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкез истакна дека во иднина би сакал да заиграво МЛС Лигата.

Офанзивецот на Реал Мадрид долго време е член на „кралевите“ и сигурно дека нема да брза со заминување од еден од најдобрите клубови во светот, меѓутоа најави дека негова следна цел ќе биде трансфер во МЛС лигата.

„Би било неверојатно да заиграм во МЛС Лигата, би сакал еден ден тој сон да ми се оствари. Многу сум горд што сум дел од Реал Мадрид, најголемиот клуб во светот. Задоволство е да се игра овде секој ден. Се трудам критиките да на влијаат на мене. Сакам трансфер во МЛС лигата во иднина, но вистина е дека сакам и да ја завршам кариерата во Реал Мадрид.“ – изјави Васкеез.