Интер му пресуди на Наполи, Милан се спаси кај Џенова и остана на врвот🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер славеше во дербито против Наполи и така ја продолжи победничката серија, додека Милан едвај освои бод против Џенова.

„Нероаѕурите“ ја потврдија фантастичната форма и дојдоа до важна победа против Наполи со голот на Ромелу Лукаку.

Во првото полувреме видовме неколку шанси на двете страни,но мрежите мируваа. Клучниот момент се случи во 71-та минута кога Лукаку погоди од белата точка, а Наполи остана без Инсиње, кој доби црвен картон.

Милан со десеткуван тим и без неколку важни играчи се спасуваше од пораз против Џенова. Домаќините два пати доаѓаа во предност со головите на Матија Дестро, а за „росонерите“ погодија Калабрија и Калулу.