Интер претстави засилување кое го воодушеви Лукаку (Видео)

Албанецот Кристјан Аслани денеска официјално беше претставен како ново засилување на Интер, откако претходно во екипата пристигна Ромелу Лукаку.

Младото момче доаѓа од Емполи, а го зема дресот со број 13, откако си замина Андреа Ранокија и го остави слободен.

„Го видов ова момче, Аслани. Ми се допаѓа неговиот менталитет. И вие би се изненадиле. Тој е младо момче, има само 20 години, но зборува како да има 27“, вели Лукаку.

Неговиот договор за позајмица го чинеше Интер околу четири милиони евра, а следното лето ќе треба да плати уште 10 за да го откупи.

Аслани минатата сезона одигра 23 меча за Емполи и притоа постигна еден гол и една асистенција.