Исланд приреди сензација, Англија елиминирана!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот натпревар од 21:00 часот го донесе најголемото изненадување на ова Европско првенство, репрезентацијата на Исланд со 2:1 беше подобра од Англија која сега мора да се врати дома.

Ретко кој пред почетокот на натпреварот очекуваше победа на “малиот” Исланд, а веројатно и доколку имаше такви надежите ги изгубија веќе во четвртата минута кога Руни со удар од белата точка ја доведе Англија во водство.

Но, само две минути подоцна Исланд се врати во игра, Рагнар Сигурдсон погоди за изедначување.

Во 18 минута следуваше “студен туш”. Фудбалерот на Нант Колбеин Сигторсон погоди за водство на земјата која е најпријатното изненадување на првенството.

Англичаните напаѓаа, но сепак не успеваа да го совладаат Халдорсон, па така после пласманот во осминафиналето, Исланд не застана и приреди ново изненадување.

Ова е фантастичен успех за дебитантот на Европските првенства. Во 1/4 финалето Исланд ќе игра против домаќинот Франција кој во осминафиналето славеше победа над Ирска.