Ивановски: Горд сум што можам да ја претставувам Македонија на Вимблдон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најталентираниот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, каде што треба да игра против Педро Роденас од Шпанија.

Ивановски привлече голем интерес со неговите одлични настапи и маестралниот потег во претходниот меч за победа и историски пласман во четвртфиналето.

Меѓународната тениска федерација направи кратко интервју со македонскиот тенисер.

„Се чувствувам прекрасно. Ова е големо искуство за мене. Доаѓам од мала земја, од Македонија. Мило ми е што можам да ја претставувам Македонија и горд сум на тоа“, вели Ивановски.