Изненадување: Пандев ќе игра фудбал уште една сезона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Горан Пандев најверојатно нема да ја заврши кариерата на крајот на сезоната и ќе игра фудбал барем уште една сезона во дресот на Парма.

Последните најави од Италија од „Спорт Парма“ се дека Пандев наводно размислува да ја продолжи кариерата на уште една сезона. Конечната одлука според најавите Пандев ќе ја донесе во наредните неколку дена.

Медиумот кој се повикува на информации добиени блиску од Пандев пренесува дека во овој момент Пандев е поблиску до продолжување. Сепак, се истакнува дека ако Пандев продолжи тоа би било друг клуб.

Сезонава Пандев одигра 11 натпревари за Парма каде што пристигна во јануари и во нив постигна еден гол и запиша една асистенција.