„Ја молев Лепа Брена да инвестира во Ѓоковиќ, сега ќе имаше 18 милиони евра“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ е најдобар светски тенисер, но на почетокот на кариерата неговото семејство се соочувало со финансиски проблеми во обид да му обезбеди соодветни услови за тренинг.

Таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ жртвувал многу во тој период од животот, а сега во емисијата „Бизнис приказни“ откри дека постоела можност за соработка со познатата пејачка Лепа Брена.

„Тоа беше времето во кое Новак беше дел од академијата на Никола Пилиќ. Тој разговараше со Филип Цептер за да го спонзорираат Новак и се согласи да ги покрие трошоците од 300.000 марки за четири години. Имаше можност Лепа Брена и Боба Живојиновиќ да му помогнат, но тие не сакаа да дадат пари. Ако прифатеа, сега ќе имаа околу 18 милиони евра“, кажа Срѓан.