Јокиќ ја прекина црната серија на Денвер во НБА (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Никола Јокиќ со 39 поени, 11 скокови и девет асистенции го предводеше Денвер нагетс до победа против Сан Антонио спарс од 132-120.

На Јокиќ не можеше да му парира младиот Виктор Вембањама кој постигна 22 поени, 11 скокови и шест украдени топки за 24 минути поминати на паркетот.

Кошаркарите на Кливленд кавалирс беа подобри од Торонто репторс со 105-102 и така им се вратија на победите.

Најдобар во победничкиот тим беше Дариус Гарланд со 24 поени, два скока и осум асистенции, додека Макс Струс постигна 20 поени, 11 скокови и пет асистенции.