Јокиќ ќе игра за Србија на ОИ во Париз


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ќе биде дел од репрезентацијата на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Информацијата ја потврди и кошаркарската федерација на Србија, откако претходно се појавија шпекулации дека Јокиќ разговарал со селекторот Светислав Пешиќ.

Во составот на Пешиќ се Василије Мициќ, Алексеј Покушевски, Богдан Богдановиќ, Никола Јовиќ, Владимир Лучиќ, Марко Гудуриќ, Вања Маринковиќ, Огњен Добриќ, Филип Петрушев, Никола Милутинов, Душан Ристиќ, Алекса Аврамовиќ, Огњен Јарамаз, Дејан Давидовац и Урош Плавшиќ.