Јокиќ не играше против Минесота: Денвер загуби со 30 поени разлика (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денвер нагетс не може без Никола Јокиќ и тоа се забележа во дуелот против Минесота тимбервулфс кога загуби со 98-128.

Тренерот Мајк Мелоун реши да го одмори Јокиќ, но и уште тројца кошаркари од првиот тим, а тоа го искористи Минесота.

Најдобар на паркетот од Минесота беше Ентони Едвардс со 20 поени, додека Мајкл Потер јуниор постигна 22 поени за Колорадо.

Неверојатна победа запиша и Њујорк никс, кој имаше ужасен почеток против Филаделфија севентисикерс, меѓутоа на крајот триумфираа со 108-97.

Најдобар во победата беше Џулиус Рендл со 24 поени, додека Џоел Ембид постигна 31 поен за Филаделфија.