Јокиќ: Немам намера да слушам совети од луѓе кои никогаш не шутнале топка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на шампионот Денвер нагетс, Никола Јокиќ ги замолкна критичарите пред почетокот на новата сезона во НБА-лигата.

Јокиќ во изминатите години двапати беше избран за МВП во регуларниот дел, а притоа беше прогласен за најкорисен кошаркар во финалето и освои една шампионска титула.

Србинот постојано добива критики за неговата игра, но овој пат реши да им одговори.

„Не слушам луѓе кои никогаш не шутнале топка или имаат постигнато по пет поени во просек во животот. Никогаш не стапнале на паркетот, никогаш не ја почувствувале публиката и немале притисок“, објави Јокиќ.