Јокиќ повторно блесна, но 25 поени не беа доволни за триумф на Денвер (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште еден одличен меч кој не беше доволен за победа на Денвер нагетс против Лос Анџелес лејкерс (108-126).

Центарот на Денвер помина 35 минути на паркетот, а притоа постигна 25 поени, 11 скокови и осум асистенции.

Најефикасен во тимот на Лејкерс беше Леброн Џејмс со 30 поени, а го следеше Томас Брајант со 21 поен.

Денвер е трет на Западот со 17 победи и 11 порази, додека Лејкерс е на 12. позиција со 12 триумфи и дури 16 порази.

Останати резултати:

Шарлот – Атланта 106-125
Детроит – Сакраменто 113-122
Кливленд – Индијана 118-112
Филаделфија – Голден Стејт 118-106
Чикаго – Њујорк 91-114