Јокиќ со нов трипл-дабл го надмина Леброн на вечната листа (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се искачи на четвртата позиција со најмногу трипл-дабл во историјата на НБА-лигата, откако го предводеше Денвер нагетс до триумф против Њу Орлеанс пеликанс од 134-116.

Јокиќ го заврши натпреварот со 35 поени, 14 скокови и 12 асистенции, па така го надмина Леброн Џејмс, додека пред него остануваат Расел Вестбрук, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон.

Победа оствари и Далас маверикс со 117-102 против Орланд меџик, а најдобар беше Лука Дончиќ со 29 поени, шест асистенции и три скокови.