Јокиќ со нов трипл-дабл испиша историја во Денвер (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи со одличните настапи во НБА-лигата, па така стигна до нов трипл-дабл против Минесота тимбервулвс.

Јокиќ постигна 31 поен, 13 асистенции и 11 скокови за Денвер нагетс, па така стигна до 3.686 асистенции и со тоа постави нов рекорд.

„Да бидам искрен, ова е можеби прва работа на која сум горд зашто покажува дека им помагам на соиграчите“, кажа Јокиќ.