Јокиќ за Ковид-19 и килограмите: Бев во шок зашто не го почуствував вирусот, сега не знам како ќе играм вака…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го победи коронавирусот, па пристигна во Орландо, каде што му се приклучи на тимот на Денвер нагетс.

По самото доаѓање, многумина ги интересираше како успеал да го победи вирусот.

„Беше чудно, но јас се чувствував добро. Кога ми кажаа дека сум позитивен, се изненадив зашто имав нормална дневна рутина. Тогаш им се јавив на сите и ми кажаа дека нема никаков проблем и моето здравје е на прво место“, вели Јокиќ.

Новинарите го прашаа Јокиќ и за очекувањата на теренот сега кога драстично ослабе.

„Што ќе правам сега? Не знам, да бидам искрен. Само сум среќен што конечно сум тука со екипата. Можеби сите ќе ги изненадам, можеби нема да бидам толку добар. Ќе видиме“, кажа Србинот.