Јусуф Нуркиќ го надигра Никола Јокиќ, Портланд го победи Денвер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Портланд Трејл Блејзерс забележаа уште една значајна победа во борбата за плеј-оф завршницата. Тие ги совладаа Денвер Нагетс 125:115, а Јусуф Нуркиќ одигра уште еден одличен натпревар.

Нагетсите беа тие што беа подобри на отворањето. Неверојатниот Мајкл Портер ЏР продолжи со одлични игри и на овој натпревар, погодувајќи сè во почетните минути, а во средината на првата четвртина заминаа со предност од осум поени, 12:20.

Сепак, по една минута одмор, работите на теренот се менуваат. Дамјан Лилард и Гери Трент ЏР го изрешетаа тимот на Денвер, Портланд го презеде водството и пред крајот на четвртината беше 27:26 во корист на Трејл Блејзерс.

Портланд го контролираше резултатот во текот на вториот дел од натпреварот. Играа доста сигурно, а Јусуф Нуркиќ конечно почна да постигнува кошеви, кревајќи сè на нозе за брутално забивање над 218 сантиметри високиот Бол Бол. Првото полувреме заврши со тројка на Лилард со пристоен плус 13 за Портланд, 62:49.

Блејзерс го одржуваа водството и во третиот период. Лилард беше незапирлив за Нагетс, а Нуркиќ можеше лесно да постигнува поени, но имаше и неколку промашувања.

Сепак, расположениот Лилард беше доволен за да ја одржи предноста, иако Нагетс се вратија целосно во мечот, а по три четвртини беше само плус пет за Портланд, 92:87.

Нагетс подобро влегоа во последниот дел. Со серија од 6:0, тие го превзедоа водството (92:93), а потоа продолжи поентерската пресметка помеѓу Лилард и Портер, па поени се постигнуваа од сите страни и одбрана скоро и да немаше.

Во клучните моменти, Нуркиќ и Трент направија неколку одлични потези, погодија клучни шутеви во круцијални моменти и Блејзерс стигнаа до голема победа.

Иако шутот не го слушаше, Нуркиќ го заврши мечот со 22 поени, седум скока, четири асистенции и два блокади. Лилард беше најефикасен со 45 поени, а Трент додаде 27.

Од друга страна, Никола Јокиќ беше целосно запрен од Јусуф Нуркиќ. Тој постигна само осум поени, но имаше 13 асистенции. Мајкл Портер постигна 27 поени за Нагетс и фати 12 топки.