Јусуф Нуркиќ одигра уште еден феноменален натпревар, голема победа за Портланд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Блејзерс во Портланд, ги совладаа Хјустон Рокетс со 110:102, а Јусуф Нуркиќ повторно беше феноменален.

Трејле Блејзерс поведоа уште од самиот почеток на натпреварот. Само еднаш во целиот натпревар Ракетите имаа предност во првото полувреме, но успеаја да бидат постојано во игра и само во финиш Портланд обезбеди голема победа.

Јусуф Нуркиќ повторно одигра фантастичен натпревар. Иако можеше да биде уште подобар, бидејќи имаше неколку кошеви што требаше да се постигнат, на крајот Нуркиќ забележа навистина одличен дабл-дабл ефект.

За 29 минути на паркетот босанскиот центарот постигна 18 поени (6/15), имаше 19 скока, и три асистенции и блокади.

Лилард беше најефикасен кај Портланд со 21 поен, Мек Колум постигна 20, додека на другата страна Џејмс Харден беше најефикасен со 23 поени.