Како успеа Грожан да избега од пеколот кој траеше 27 секунди? ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Хас, Роман Грожан вчера за малку ќе го загубеше неговиот живот во страшниот судир со оградата, при што неговиот болид експлодираше и се распарчи на два дела.

Болидот се запали, а Грожан заврши со остатоците од него заглавен во оградата. Меѓутоа, неговата присебност му помогна да се извлече и некако да ја прескокне оградата, иако целиот инцидент траеше 27 секунди, тоа изгледаше како цела вечност.

На местото каде што удри болидот имаше луѓе кои веднаш притрчаа да помогнат, а еден од нив беше храбриот Јан Робертс, кој без многу размислувања се обиде да го извлече Грожан.

Грожан успеа да ја прескокне жешката ограда, при што заработи изгореници на рацете и глуждовите, но најважно е тоа што сега се наоѓа во добра здравствена состојба.