Каков човек: Балотели прекина контра за да тепа противнички фудбалер 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адана на почетокот на сезоната веднаш ги освои љубителите на фудбалот. Го купија Марио Балотели, но Италијанецот веднаш почна да прави проблеми.

Сепак, покажа дека има квалитет во првите осум натпревари во турскиот шампионат и даде четири гола, но секогаш знае да направи и некоја глупост.

Адана ја совлада Анталија со 2-1 на гостувањето, а Балотели успеа да го постигне првиот гол во 43. минута,а потоа по еден час игра ги шокираше сите на стадионот.

Иако пред себе себе имаше празен простор, Балотели реши да се степа со еден фудбалер од противничката екипа. Фреди налета на Балотели, па хаосот продолжи на теренот.