Какво деби за Лазаров на селекторското столче: Македонија ја декласираше Данска!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонија го изненади светскиот првак Данска во третиот меч од квалификациите за Европското првенство откако славеше со 33-29.

Ракометарите на дебито на Кире Лазаров како нов селектор беа фантастични на теренот и доминираа во текот на целиот натпревар, а првото полувреме го добија со 17-13.

Во вториот дел продолжи одличната игра на македонските ракометари, кои го зголемуваа водството и на крајот победија со 33-29.

Најдобри кај Македонија беа Манасков, Талески и Кузмановски со по пет гола, додека Никола Митревски запиша 13 интервенции.