Кандрева ги запали Милано и Рим: Речиси сум играч Интер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нероаѕурите и Кандрева ги договорија личните услови и останува само Нероаѕурите да ги „испеглаат“ работите околу оштетата, па универзалниот играч за врска ќе стане големо засилување на миланскиот гигант.

Интер ја чека својата шанса, Интер од почетокот беше најконкретен и Интер на крајот го ангажираше Антонио Кандрева.

Тој е можеби и најдобриот фудбалер на Лацио во последните неколку сезони потврди во кратка изјава за Ил Масаџеро, каде што во само една реченица откри практично се.

„Наскоро сум играч на Интер“, рече италијанскиот фудбалер.

Како што пишуваат италијанските медиуми, Интер и Кандрева ги договорија личните услови и останува само Нероаѕурите да ги „испеглаат“ работите околу оштетата, па универзалниот играч за врска да стане големо засилување на миланскиот гигант.

Кандрева на римски Олимпико стигна во летото 2012 година од Удинезе, а неговото доаѓање на Џузепе Меаца Интер ќе го чини околу 25 милиони евра.