Кирјос до Ѓоковиќ: Каде е мојата вечера!? (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ги поправи односите со Ник Кирјос на турнирот на Вимблдон, кој го освои Србинот со победа од 3-1 во сетови против австралискиот тенисер.

Ѓоковиќ славеше во финалето во Лондон, по што требаше да го чести вечера Кирјос бидејќи падна таков облог пред мечот.

„Каде е мојата вечера?!“, напиша Кирјос.

Веднаш потоа следеше одговор од Ѓоковиќ, кој вети дека ќе го чести во Њујорк пред Ју-Ес опен.

„Извини. Се јавив во сите ресторани во Лондон и немаше ниту една слободна маса. Честам вечера во Њујорк“, напиша Србинот.