Кирјос ги загрижи фановите со снимка како си игра со ајкули (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Контроверзниот тенисер Ник Кирјос објави снимка на социјалните мрежи која ги загрижи неговите фанови затоа што може да се забележи дека си игра со ајкули на Бахамите.

Кирјос е на одмор со неговата девојка Костин Хачи, а на социјалните мрежи откри дека тоа што го прави не е опасно.

„Нема простор за паника. Ајкулата го напаѓа мамецот кој се наоѓа на јажето. Сакав да видам колку се силни тие животни“, напиша Кирјос.

Кирјос играше во финале на Вимблдон неодамна, но загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ.