Клоп ги става на вага: Што е поважно Лигата на шампионите или долгоочекуваната титула во Премиер лигата…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп се соочува со дилемата, расплетот е блиску, а многу работи ќе бидат појасни можеби веќе оваа недела. Дали Ливерпул може да води битка на обата фронта со ист тим?

Одговорот зависи од Сити. Ако „Граѓаните“ испуштат бодови во дербито против Јунајтед или Барнли, Клоп ќе го меша тимот во судирот со Барселона.

Имено, во тој случај се би зависело од Ливерпул, титулата е голема цел оваа сезона. Покрај тоа, Барселона сепак влегува како фаворит во полуфиналето, ако поради ништо друго, затоа што се поодморни.

Постои и втора опција, во случај Сити да слави во следните шест дена и во градското дерби и против Барнли, Ливерпул против Барселона ќе го изнесе најсилниот тим, бидејќи е тешко веројатно шампионот да се лизне во последните две кола, против Лестер и Брајтон. Иако, Брајтон би можел да се бори за опстанок, но би можеле и порано да му побегнат на Кардиф кој во последното коло гостува кај Јунајтед.

Така што се е отворено, но нема сомнеж иако тоа никогаш нема да го признае Ливерпул, ним титулата им е опсесија.