Клоп посакува фудбалер кој со Норвич испадна од Премиер лигата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ливерпул е заинтересиран за ангажман на младиот фудбалер од одбраната на Норвич, Џамал Луис.

Станува збор за играч кој игра на левата бековска позиција и кој би бил резервна опција за Енди Робертсон кој ќе биде прв избор и следната сезона.

Во моментов резерва на Робертсон е Џејмс Милнер, но со евентуалното доаѓање на Луис, Милнер ќе се врати на средината на теренот или ќе биде продаден на Лидс, клуб кој се интересира за неговите услуги.