Коби Брајант почина откако му се урна хеликоптерот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американските медиуми пишуваат дека легендарниот кошаркар Коби Брајант починал во пад на хеликоптер во Калифорнија.

Страшна вест доаѓа од САД, а еден од најдобрите кошаркари во историјата настрадал во несреќата.

Како што објави „ТМЗ“, Брајант патувал со уште три лица најмалку кога хеликоптерот се урнал. Инаку, Коби веќе со години патува со хеликоптер уште од периодот кога играше за Лос Анџелес Лејкерс.

Во текот на кариерата настапуваше на 18 Олстар-натпревари, освои пет прстени, двапати беше избран за МВП во финале, а во 2008 година беше и најкорисен кошаркар во регуларниот дел од сезоната.