Koj ќе биде прв стрелец на ЕП? Вака изгледа листата на стрелци после првиот круг!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Завршен е групната фаза од Европското првенство во Франција и време е да погледнеме како стојат работите и кој е најблиску до признанието најдобар стрелец на турнирот.

Она што долго време го чекавме се случи, Кристијано Роналдо, започна да погодува, но ниту неговите два гола против Унгарија не и беа доволно на Португалија да дојде до првата победата на шампионатот.

Со тие два погодоци, Роналдо веќе се вмеша во друштвото на најдобрите стрелци, па доколку погодои и против Хрватска би можел да дојде до самиот врв.

За сега после првата фаза најдобри стрелци се Герет Бејл (Велс) и Алваро Мората (Шпанија) со по три погодоци.
Зад нив следи група на играчи со по два погодоци: Џуџак (Унгарија), Роналдо и Нани (Португалија), Лукаку (Белгија), Паје (Франција), Перишиќ (Хрватска), како Романецот Станчу кој го заврши натпреварувањето со својата селекција.

Значи помеѓу овие играчи би требало да го бараме најдобриот стрелец на шампионатот иако не треба да се потценат голгетереските способности кои ги имаат Томас Милер, Марио Манџукиќ, Роберт Левандовски…