Колумбиец на “мета“ на Интер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на милански Интер бара адекватен партнер во нападот за Мауро Икарди.

Интер наскоро може да биде посилен за напаѓачот на Атлетико Насионал Марлос Морено.

Колумбискиот репрезентативец е веќе некое време на радарот на многу европски клубови, но сеуште не испрати конкретна понуда на адреда на Атлетико за неговите услуги.

Како што јавува Кориере дело Спорт, сега емисарите на Интер отпатувале во Колубмција, со цел со претставниците на клубот и фудбалерот да преговараат за евентуален трансфер.

Морено беше член на експедицијата која Хозе Пекерман ја поведе на „Сентенарио“ а се запиша и во листата на стрелците и тоа во мечот во кој Колумбија е поразена од Костарика со 3:2.

Во сезоната која е позади нас во Копа Либертадорес на девет  настапи постигна три гола и забележа три асистенции.

Ги покрива сите позиции во нападот, а најдобро се снаоѓа на десно крило.