„Корире дело спорт“ го враќа ударот: Расисти за кого? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот спортски медиум „Кориере дело Спорт“ во денешниот број има насловна страна која е одговор на обвинувањата дека претходната била расистичка.

А на претходната, со која го најави вечерашното дерби на „Меаца“ од 20.45 часот меѓу Интер и Рома, беа ставени црномурестите фудбалери Ромелу Лукаку од Интер и Крис Смолинг од Рома, поранешните соиграчи од Манчестер јунајтед, со натпис „Црн петок“.

Двата клуба тоа го осудија, а им се приклучија и некои други тимови, меѓу кои беше и Милан.

„Кориере дело Спорт“ прашува „Расисти за кого? Тоа е линч на медиум, кој со векови ја бранеше слободата и еднаквоста во светот на спортот“.