Коронавирусот сели меч од Еврокупот во Белград


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од страв од ширење на коронавирусот, натпреварот во Еврокупот помеѓу турската Дарушафака и Виртус од Болоња ќе се одигра во Белград.

Италијанскиот тим не беше во можност да влезе во Турција, поради одлуката на Министерството за надворешни работи на земјата да не дозволува влез на лица од земји погодени од коронавирус.

Па така мечот што требаше да се одигра денес е одложен за утре, а беше решено да се игра во „Штарк арената“ без публика.

Победникот на овој натпревар ќе се квалификува во плеј-офот на Еврокупот.