Ковид-19 повторно напаѓа: Уште еден фудбалер на Интер има позитивен тест!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интер доби лоши вести пред продолжението на сезоната во италијанската Серија А, откако Фудбалската репрезентација на Хрватска соопшти дека Марсело Брозовиќ е позитивен на коронавирус.

Брозовиќ веднаш бил изолиран од останатите членови на репрезентацијата, а засега не покажува никакви симптоми на вирусот.

„Резултатите од тестирањето покажаа два позитивни тестови, а еден од нив е на Брозовиќ, кој веднаш беше изолиран“, соопштија од Хрватска.

Хрватите пред неколку дена објавија дека Домагој Вида е заразен, а за да биде уште полошо, тој играше против Турција, па останува да видиме дали има и други позитивни на вирусот.