Криштопанс: Ми недостига тимската игра во Вардар, тука во ПСЖ нема такво нешто!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Даинис Криштопанс во февруари го напушти Вардар и се пресели во Германија, а потоа го засили ПСЖ, но уште не може да го покаже најдоброот во дресот на францускиот шампион.

На Криштопанс му недостига Македонија и Вардар, барем така може да се заклучи по неговата изјава за тоа дека во редовите на „црвено-црните“ постоела тимска игра.

„Ако го погледнеме минатото, тогаш ќе откриеме дека имав тешки први сезони во новите тимови. Во споредба со Вардар, тука во ПСЖ нема таква тимска игра. Сите ракометари се силни на индивидуален план“, кажа Криштопанс.

Криштопанс се очекуваше да биде големо засилување за парижаните, но засега не му оди најдобро.