Лампард после Ајакс: Моите бебиња пораснаа во Амстердам


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тренерот на Челси, Франк Лампард синоќа можеше да биде многу задоволен бидејќи неговиот тим го порази Ајакс во Лигата на Шампионите со резултат од 1:0 и тоа на гостување.

После натпреварот младиот стручњак кажа како неговите бебиња пораснале во Амстердам алудираќи на тоа дека младиот тим на Челзи одиграле многу искусно за нивна возраст.

„Пресреќен сум со секој елемент од нашата игра. Имаме причина да славиме заради тоа. Моите момчиња се бебиња во Лигата на Шампионите, ова беше голем тест за нив и мислам дека пораснаа. Одигравме одлично против голем тим. Сега поставивме стандард под кој не смееме да се спуштиме“, рече Лампард.

На Челси во последно време одлично му оди на сите фронтови, па екипата од Станфорд Бриџ синоќа го запиша својот шести триумф.

Наредниот натпревар Плавите од Лондон ќе го одиграат против Барнли во склоп на 10. коло од Премиер Лигата.