Лапорта ненамерно најави дека во Барселона доаѓаат Левандовски и Салах?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се обидува да донесе квалитетни фудбалери во каталонскиот гигант за да може тренерот Чави да се бори следната сезона за трофеи.

Лапорта кажа дека се договориле со двајца фудбалери, а станува збор за Франк Кеси од Милан и Андреас Кристенсен од Челси, кои доаѓаат бесплатно.

Новинарите ги интересираше дали Барселона ќе тргне и по потписите за Роберт Левандовски и Мохамед Салах, а Лапорта не сакаше да демантира дали преговара со нив.

„Кажав дека планот ни е да потпишеме со врвни фудбалери. Тоа е јасно како ден. Не можам да кажам дали сме во преговори со Левандовски и Салах затоа што тоа ќе создаде проблеми во преговорите“, вели Лапорта.