Лазаров ќе игра против Манасков, Вардар ги доби противниците во ЛШ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вардар на денешната ждрепка ги доби ривалите во новата сезона од Лигата на шампиони (ЛШ), а групата воопшто не е наивна на актуелниот шампион во елитното натпреварување.

Вардар ќе игра против ПСЖ, Кјелце, Порто, Пик Сегед и Мешков Брест во групата А, додека групата Б ќе биде составена од Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант и Мотор Запорожје.

Стартот на следната сезона во ЛШ е закажан за 16 септември, додека крајот е планиран за 13 јуни наредната година, доколку повторно не се случи некоја непредвидена работа, како што сега беше вирусот.