Лазаров: Ќе ми беше потешко да сум само селектор, вака може да влијаам на резултатот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кире Лазаров имаше фантастично деби на кормилото на Македонија откако вчера славеше против Данска со 33-29.

Лазаров беше пресреќен по натпреварот и кажа дека очекува добар натпревар и во Данска против светскиот шапион.

„Утрово имавме видео-анализа и мене ми изгледаше многу подобро од она што го видов на теренот, можат да се увидат детали и уште еднаш сакам да им честитам на сите во репрезентацијата. Нѐ чека нов натпревар и сакаме да се посветиме уште повеќе, ќе се обидеме во наредниот месец да создадеме квалитетна база од 20-25 играчи. Потешко би ми било да бидам само селектор, тешко ми е да гледам од надвор, а да не можам да помогнам на теренот. Кога сум на терен можам сам да донесам одлука и да влијаам на резултатот. Можеби улогата малку ме исцрпува затоа што треба и физички да се спремаш и да размислуваш за тактиката, како нашата така и на противникот. Меѓутоа јас влегов со многу ентузијазам во оваа работа и сакам ова да го работам“, изјави Лазаров.

Фото: РФМ