Лазаров: Му се восхитувам на Вардар за европските титули, но репрезентацијата не доби ништо од тоа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Македонија, Кире Лазаров имаше големо интервју за „Моцарт Спорт“ во кое зборуваше на различни теми, меѓу кои беше и клупскиот ракомет во државава.

Лазаров кажа дека Алкалоид и Мулти Есенс работат со млади имиња во Македонија и развиваат ракометари за репрезентацијата.

Тренерот на репрезентацијата кажа дека му се восхитува и на Вардар за двете европски титули, но смета дека тоа не ѝ помогнало на ракометната селекција.

„Му се восхитувам на Вардар за успехот, двапати стана европски првак. Единствена замерка од мене е тоа што не работеа со младите категории. Само Столе Стоилов од домашните ракометари имаше улога во тимот кога се освоија титулите. Двете титули ќе останат запишани, но репрезентацијата не доби ништо од тоа“, кажа Лазаров.