Лејкерс му пресуди на шампионот, Мајами обезбеди финале на Истокот (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс славеше со 122-101 против Голден Стејт вориорс и обезбеди финале на Западот, додека Мајами го совлада Њујорк со 96-92 и се избори за финале на Истокот.

Лејкерс го искористи домашниот терен и славеше против актуелниот шампион, а најдобри во победничкиот тим беа Џејмс со 30 и Ривс со 23 поени.

Мајами во интересен дуел го совлада Њујорк, а најефикасни беа Батлер со 24 и Адебајо со 23 поени, додека Брансон постигна 41 поен на спортивната страна.

Лејкерс во финале ќе се бори против Денвер, додека Мајами ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Филаделфија и Бостон.